Chiara Ferragni е најуспешната модна блогерка во Италија. Chiara има 25 години и живее на релација Милано - Париз - Њу Јорк. И покрај тоа што целосно е посветена на нејзиниот блог , таа има време и за студиите по право на универзитетот Бокони во Милано. Нејзиниот блог е www.theblondesalad.com . Во врска со името на блогот таа изјавила дека "русокосата салата" е всушност се она што ја карактеризира неа. Покрај модата на нејзиниот блог може да најдете совети и за патување, фотографија и начин на живот. Нејзина инспирација е Miroslava Duma. Благодарение на нејзиниот блог таа денес соработува со многу познати брендови како што се : Balenciaga, Louis Vuitton, Kenzo, Zara, Mangо, Hugo Boss,Chanel и многу други. Chiara има и своја линија на чевли направена за shoescribe.com :))
No comments:
Post a Comment