Thursday, August 29, 2013

Summer


Здраво девојки!

Ова лето со сигурност е едно од поубавите лета за мене . Имав неколку патувања низ Македонија. но летниот одмор го поминав во Бугарија. Кога се правеа планови каде да се оди бугарското приморје беше последно на список од причина што од кога знам за себе моите ме носеа на одмор во Црна Гора. Но бог знае како дечко ми успеа да ме убеди да одиме во Кранево, тоа е градче помеѓу Албена и Варна и не зажалив ни за момент иако неколку денови пред да тргнеме бев очајна од коментари што читав по разни форуми за морето , храната и сл . Го препорачувам местово за сите кои сакаат вистински да се одморат. Немав класичен одмор од типот на 10 дена лежење на плажа, хотел, диско... го искористив одморот да ги посетам и околните места како што се Албена, Балчик, Варна и на враќање бевме во Софија (по кој знае кој пат) и останатите места кои се влиску до наша граница.

Уживајте! :))








Кошула: Bershka
Шорцеви: Happening
Шешир: Local shop in Kranevo
Обетки: C&A
Апостолки: Accesorize
Алки: DIY

Wednesday, August 14, 2013

Safari


Здраво девојки ! 

Ме немаше подолго време поради тоа што бев на одмор :)) (во некој нареден пост за тоа). Сафари стилот ми е еден од поомилените од проста причина што преовладуваат маслинестата, кафената и крем боја (најубавите бои според мене  :)) ) .
Уживајте ! :))




Кошула, балетанки: H&M
Хеланки, Шешир: /