Thursday, May 30, 2013

Tomboy style

Здраво девојки ! 


Томбој стилот е многу повеќе од облекување како машко. Освен во модата големо влијание има и врз популарната култура, филмот, музиката и литературата, а идентификацијата преку облеката значеше бунтовност, самодоверба и авантура.  Вљубените во овој стил се храбри, дрски, жестоки и секси.

 Нивното мото е носи што сакаш.

Уживајте ! :)) 










Wednesday, May 29, 2013

Kenzo Tiger Sweater

Здраво девојки ! 
Kenzo Takada  е јапонски моден дизајнер и основач на брендот Кензо. Љубовта кон модата ја добил благодарение на неговите сестри каде што ги читал нивните списанија за мода. Во 1958 година станал дел од Tokyo's Bunka Fashion College каде што тогаш се отвориле вратите за машки студенти. По завршувањето на студиите тој се сели во Париз.
Неговите џемпери со тигар се еден од поомилените парчиња облека меѓу блогерките.
Уживајте ! :))






Wednesday, May 15, 2013

Tourists :))

Здраво девојки! 


Вчера со дечко ми сакавме да го смениме стандардното излегување по кафичи и сл, и се одлучивме да изнајмиме точаци и да го прошетаме градот како туристи ! :))  Нашата мини тура започна од центар и заврши во градски парк :)) . Најпрво бевме да го видиме новиот плоштад каде што е споменикот на Филип II, а потоа се упативме кон луна парк каде што моравме да направиме пауза за превкусните пирошки (кој пробал знае) и секако за преубавите Maccarons од Oh la la :)) 
п.с... Жал ми е што немам доволно слики од мојот аутфит :( 

Уживајте ! :))






Маичка:Terranova
Фармерки: Terranova
Марама, Обетки: /

Thursday, May 9, 2013

Red

Здраво девојки ! 

По мала пауза за празнициве конечно најдов малку време да му се посветам на блогов. А што се однесува до паузата која ја имавме поради нив одвоив време да се прошетам по милата ни земја . (но за тоа во некој нареден пост). :)) Денес бев во кино и го гледав "Iron Man 3 - 3D" и морам да кажам дека не беше нешто посебно...  И секако денот неможе да се замисли без најубавиот сладолед во градот (според мене) во Gino :)
 
Уживајте ! ;)






Пантолони : Mango
Маичка: Bershka
Марама, штикли:  /
Ташна : Vintage